16.11.2022 Скопје
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека Шведска ќе и испорача на Украина нова воена помош во вредност од 3 милијарди круни, најголемиот пакет одбранбен материјал досега, кој вклучува систем за противвоздушна одбрана.
Кристерсон на прес-конференција изјави дека тоа е поголем пакет воена поддршка од сите осум претходни пакети заедно.
Шведскиот премиер Кристерсон, воедно, додаде дека тоа е најголемата работа што ја имаат направено и точно ја следат приоритетната листа на Украина за она што тие самите мислат дека им треба во моментов.
Подготвено од А.Ѓ.