02.11.2022 Скопје
Со присилна наплата на данокот на имот кон Општина Штип се соочуваат околу 2.000 штипјани и фирми.
Решенијата се доставени до даночните обврзници, кои не ја подмириле својата обврска за претходната година.
Драган Каров, вработен во Општина Штип, истакна дека во самите решенија на даночните обврзници им пишува до кога треба да го платат данокот на имот. Воедно, додаде дека оние коишто нема да си ги подмират даночните обврски од тие решенија ги пуштаат до банките, каде што имаат сметки и општината ќе си ги наплатува средствата.
Каров посочи дека се задоволни од тековната наплата на данокот за имот и во моментов наплатата од домаќинствата изнесува 50%, а на фирмите 55%. Овие средствата кои ги плаќаат граѓаните на име на данок на имот се инвестираат во изградба на нови тротоари, асфалтирање на улици, реконструкција на водоводна и канализациона мреа, како и во нови спортски игралишта, детски катчиња и паркови.
Подготвено од А.Ѓ.