11.11.2022 Скопје
Откако неколку сепаратистички лидери се осудени за кривичното дело „бунт“, шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека терминот „бунт“ ќе биде укинат и ќе биде заменет со прекршок со полесна казна.
„Бунт“, кој вклучува обид за насилно спречување на спроведувањето на законот или практикување легитимна власт, во моментов во Шпанија се казнува со затворска казна од 8 до дури 15 години, доколку сторителот е државен службеник.
До сега околу десетина каталонски политички лидери поддржувачи на осамостојувањето од Шпанија се осудени на тешки казни поради „бунт“, по обидот за отцепување на покраината во 2017 година, но подоцна сепаратистичките лидери сепак беа помилувани.
Премиерот Педро Санчез, истакна дека новиот прекршок ќе се нарекува „сериозно нарушување на јавниот ред“ и ќе се казнува слично како што е „предвидено во кривичниот законик на европските демократии“.
Санчез додаде дека, негово мислење е дека оваа иницијатива може да помогне да се смири ситуацијата во Каталонија, каде што најчесто се случуваат организирани бунтови.
Подготвено од М.Н.