04.11.2022 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека му рекол на кинескиот претседател Си Џинпинг во разговорите дека сака Пекинг да го искористи своето „влијание” врз Москва за да биде запрена војната во Украина.
Шолц истакна дека Русија мора веднаш да ги запре нападите од кои секојдневно страда цивилното население и да се повлече од Украина.
При посетата на Пекинг, германскиот канцелар Шолц го повика рускиот претседател Владимир Путин да го продолжи договорот што овозможува безбедно поминување на пратките со жито од Украина за да се избегне криза со глад, потенцирајќи дека гладот не смее да се користи како оружје.
Подготвено од А.Ѓ.