16.11.2022 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека ракетниот напад во источниот дел на Полска, близу украинската граница, во кој загинаа две лица, треба целосно да се истражи пред да се донесат заклучоци.
Во изјавата по самитот на Г20 на Бали, Шолц оцени дека е позитивен знак тоа што САД ѝ понудиле помош на Полска во истрагата. Воедно, истакна дека рускиот претседател Путин е речиси сам на светот со неговата политика.
Како што соопштија полските власти, вчеравечер две лица загинаа кога „проектил од руско производство“ паднал во близина на селото Пжеводов, на околу 6,4 километри западно од украинската граница, приближно во исто време кога московските сили го лансирале својот најголем бран ракетни напади врз украински градови за повеќе од еден месец.
Подготвено од А.Ѓ.