https://www.flickr.com/photos/iaea_imagebank/50706040417/

23.11.2022 Скопје

Шефот на нуклеарното набљудување на ОН се сретна со руска делегација во Истанбул за да разговараат за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под контрола на Русија.

Постројката Запорожје, која Русија ја зазеде непосредно по нејзината инвазија на 24 февруари, викендов повторно беше потресена од гранатирање, што доведе до обновени повици од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да се создаде заштитна зона околу неа за да се спречи нуклеарна катастрофа.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирањето на централата во последниве месеци, при што беа оштетени згради и исфрлени далноводи што ја снабдуваат централата, кои се клучни за ладење на горивото на шесте реактори и избегнување на нуклеарно топење.

МААЕ на Твитер напиша дека генералниот директор Рафел Гроси во Истанбул се има сретнато со руската делегација предводена директорот на Росатом, Алексеј Лихачев, за консултации за оперативните аспекти поврзани со безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина и за итно воспоставување зона за нуклеарна безбедност.

Гроси со месеци предупредува на ризик од потенцијална катастрофална несреќа поради гранатирањето.

Минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин и нареди на подружницата на Росатом, руската државна агенција за нуклеарна енергија, да го заплени имотот на централата и да го пренесе својот украински персонал на ново руско правно лице. Киев истакна дека тој потег е кражба.

Во соопштението цитирано од руските новински агенции, Росатом истакна дека состанокот во Истанбул бил фокусиран на „обезбедување безбедност на централата“. Воедно, во соопштението стои и дека е забележан брз одговор на МААЕ на масовното гранатирање на станицата на 20 ноември оваа година, и страните се имаат согласено да ја продолжат соработката.

Најголемата нуклеарна централа во Европа обезбедување околу една петтина од електричната енергија на Украина пред руската инвазија и неколку пати беше принудена да работи на резервни генератори.

Повтореното гранатирање околу централата ја зголеми загриженоста за потенцијалот за тешка несреќа на само 500 километри од местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот, катастрофата во Чернобил во 1986 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author