05.11.2022 Скопје
Сеул и Вашингтон ја завршија својата шестдневна воена вежба „Будна бура”, за време на која американски стратешки суперсонични бомбардери Б-1Б прелетаа над територијата на Јужна Кореја.
Во понеделникот започна вежбата Vigilant Storm, во која учествуваат околу 240 воени авиони и два американски стратешки бомбардери Б-1Б, како и четири борбени авиони Ф-16 и четири ловци Ф-35А. Ова е првпат од 2017 година бомбардер Б-1Б да учествува на заеднички вежби на САД и Јужна Кореја.
Во соопштението се додава дека ова ги покажува „комбинираните одбранбени способности и одлучноста на Република Кореја и САД одлучно да одговорат на какви било провокации од Северна Кореја, како и подготвеноста на САД” да спроведат засилени мерки за одвраќање.
Вчера, Северна Кореја побара од САД и Јужна Кореја да престанат со „провокативните“ воздушни вежби.
Утринава, Северна Кореја истрела четири балистички ракети со краток дострел во Жолтото Море. Податоците на јужнокорејската армија покажуваат дека тие прелетале на околу 130 километри надморска височина дистанца од околу 20 километри.
Северна Кореја изврши серија лансирања на проектили оваа недела, од кои едното можеби беше неуспешен обид за лансирање интерконтинентална балистичка ракета. Овие акции наидоа на осуда Вашингтон, Сеул и Токио.
Подготвено од А.Ѓ.