svetski den na dijabetesot

14.11.2022 Скопје

На Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември, Меѓународната фондација за дијабетес објави ново истражување кое покажува дека секој четврти чокев во светот со дијабетес не ја добива потребната помош.

Меѓународната фондација за дијабетес наведува дека околу 26 отсто од луѓето не добиваат доволно информации за нивната состојба откако ќе им биде дијагностицирана. Овој факт може да доведе до лош третман на дијабетесот, зголемувајќи го ризикот од физички компликации како што се мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило, ампутација на долните екстремитети, како и да влијае на менталното здравје на една личност.

Истражувањето е засновано на онлајн прашалник од 3.208 луѓе кои или имале дијабетес или биле здравствени работници од различни земји, меѓу кои Бразил, Индија и Нигерија.

Светскиот ден на дијабетесот се одбележува на денот кога е роден Фредерик Бантинг, научникот кој го откри инсулинот со Чарлс Бест во 1922 година.

Дијабетесот е незаразна болест која е потенцијално опасна по живот и може да има тешки последици за поединците, нивните семејства, здравствените системи и националните економии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author