bubrezi

17.11.2022 Скопје

Бубрезите се еден од клучните органи во нашето тело и често грижата за нивното здравје ја земаме здраво за готово. Сѐ додека не се појави сериозен проблем. Постојат некои секојдневни навики кои нам ни се чинат банални, но за здравјето на бубрезите се голем ризик.

Понекогаш се случува да мора да се воздржите и физиолошките потреби да ги направите подоцна, но тоа никако не смее да ви стане честа навика. Ако го правите секој ден престанете, бидејќи тоа им штети на бубрезите.

Исто како и секој дел од телото, вашите бубрези имаат потреба за вода. Недостатокот на вода може да доведе до намалување на протокот на крв во бубрезите и на тој начин ќе ги спречите да си ја вршат функцијата, исфрлање штетни материи преку урината.

Прекумерното солење на храната му штети на целото тело, не само на бубрезите. Сепак, токму поради тоа што во нив завршува најголемиот дел од солта што сте ја изеле, тие стануваат најизложени на ризик од оваа нездрава навика. Премногу сол во организмот повеќе ќе ги активира бубрезите, што понатаму пак, може да доведе до дехидратација и недостаток на вода во телото, која е неопходна за правилно функционирање на целиот организам.

Протеините се од суштинско значење за нашиот организам. Сепак, претерување со протеинска храна негативно ќе влијае на здравјето на бубрезите.

Алкохолот и цигарите се штетни за здравјето на целиот организам. Може да доведат до слаб проток на крвта во бубрезите, што ќе го блокира ослободувањето од токсините преку урината.

За да има позитивно влијание на здравјето, кафето треба да се ограничи до максимум три шолји дневно.

Сонот е исклучително важен за здравјето и нередовното спиење нема да им овозможи одмор на бубрезите кој им е потребен за регенарација.

Бубрезите сакаат течности, топлина, нормален крвен притисок и нормален шеќер во крвта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author