15.11.2022 Скопје
На последниот ден од оваа година, од најстарата загрепска мајсторска пекара ќе престанат да се шират мирисите на надалеку познатите кифлички, ѓевреци, коктел колачи и разни лебови.
Пекарата е отворена во 1925 година, а е посебна по многу нешта. Рецептите не се променети откако е отворена пред стотина години, а велат дека тајната е во старата печка од тули на дрва. И покрај тоа што одбројува до пензија, газдата Мирослав Трајковиќ продолжува да работи со истиот ентузијазам, но признава дека има измешани чувства.
Газдата Мирослав Трајковиќ истакна дека од една страна е тешко, а од друга страна не може да се помири со фактот дека ќе биде затворена, потенцирајќи дека мора да му дојде крајот. Воедно, додаде дека го има постигнато она што можел да го постигне и се си има свое зошто и како, но тој сепак го затвора бизнисот, истакнувајќи дека се доста 50 години стаж на хартија.
Пекарскиот бизнис го започнал неговиот дедо, а потоа го прифатиле татко му и мајка му. Секој ден произведувале повеќе од 200 килограми пекарски производи. Трајковиќ објасни дека занаетчиството во стариот дел на градот полека изумира, а кога ќе се затворат вратите на најстарите загрепски пекари и ќе се исклучат рерните, ќе останат само сеќавањата на старите вкусови.
Пекарата „Дубравица“, со приход од 126,5 милиони куни, е меѓу шесте најголеми во Хрватска.
Подготвено од А.Ѓ.