https://www.flickr.com/photos/manoftaste-de/16112533681

18.11.2022 Скопје

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека министерството дошло до сознание дека се доставувале лажни фактури во делот на увезувањето на пелети.

Откако трговците кои тргуваат со пелети на големо и мало се пожалиле за цената која е замрзната, Бектеши изјави дека министерството не ја одредува цената но дека лажните фактури се кривично дело за кое треба да следуваат санкции и побара од надлежните институции да постапат соодветно кон ова дело.

Министерот за економија Бектеши ги повика УЈП и Секторот за надзор во Царинската управа, веднаш да пристапат кон овој проблем и да извршат контрола во Царинската управа и „Македонски шуми“ бидејќи тие ја одредуваат цената на пелетите.

Бектеши додаде дека во моментов пријавената цена во Царинската управа е 24 денари по килограм, а се продавале по 27 денари, и според податоците и цените, фактурите кои се издадени со поголема цена се лажни.

Подготвено од М.Н.

About Author