22.11.2022 Скопје

САД и Велс го одиграа првото реми на Светското првенство, двете репрезентации постигнаа по еден гол во различно полувреме, и на крајот мечот заврши нерешено 1-1.

Селекцијата на САД беше многу подобра во првите 45 минути од натпреварот, неколкупати сериозно напаѓаше, а по една одлична акција во 36 минута, Пулишиќ асистираше до Веа кој погоди за водство од 1-0.

Во вториот дел Американците како да се опуштија, многу рано почнаа да го чуваат водството и тоа им се врати негативно, односно во 82 минута Герет Бејл постигна гол од пенал и го изедначи резултатот на 1-1.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *