https://www.facebook.com/photo?fbid=493914556112629&set=pcb.493914699445948

07.11.2022 Скопје

Изминатата седмица, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје санкционирале 218 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територија на општината.

Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ информираат дека во периодот од 31 октомври до 6 ноември со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 104 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар нагласуваат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Воедно, апелираат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author