04.11.2022 Скопје
Ристо Пенов, министер за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија (ЛДП), соопшти дека за десетина дена ќе се одржи конгресот на партијата, на кој се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат.
Пенов истакна дека Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата и тој нема да се кандидира, затоа што се потребни млади и свежи идеи и сили.
За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој поднесе оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека бил против „Францускиот предлог“ и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.
Подготвено од А.Ѓ.