https://www.flickr.com/photos/kacey/52437328691/in/photolist-2nTH1VZ-2kW6pKD-2kfyzYu-2nQumPx-2nz6uGo-2kUo8fv-2nKTxWC-2nBV9c1-MgAGuF-2nN2WCw-Xq6aDg-2kCUfXN-2nx7Vyq-2npuXR9-2kj5ceU-2kRn5xt-2nKVbBC-DhKx5H-2mFgWay-2nfqvNF-sEVxro-Wi2nAo-JSm9vU-LwQCK8-wKBS41-2kAiBTg-2kBZoDk-vxZwDg-2m4HXJg-2nDMcM6-2nBLyzZ-2ikvUep-2kmkJuM-MPvp2x-2kygBLV-2k3kJpw-2kJcwC6-2fjpq5f-2mFbtgH-2iRM7mm-2mNTT6s-2n2SBp6-2kb3rX8-2kYHKAY-2mKsJ3g-2j2c1rs-24DF35q-2mewaAQ-sr9Jbq-2kfnQky

01.11.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Соединетите Американски Држави треба да ја плати цената за воените вежби кои се одвиваа на Корејскиот Полуостров.

Северна Кореја упати обвинувања кон САД поради кревање на регионалните тензии со низата заеднички вежби со Јужна Кореја, кои се организираат речиси секој ден оваа година, а Корејскиот Полуостров станува жариште со најсериозни воени тензии во светот.

САД и Јужна Кореја почнаа една од најголемите заеднички воздухопловни вежби, со стотици борбени авиони кои ќе изведуваат симулирани напади 24 часа дневно во поголемиот дел од неделата. Во вежбата ќе се вклучат околу 240 воени авиони кои ќе извршат 1.600 полетувања, соопштија од американското воено воздухопловство.

Пјонгјанг ја осуди вежбата како проба за инвазија и доказ за непријателската политика на Вашнгтон и Сеул.

Подготвено од М.Н.

About Author