04.11.2022 Скопје
Албанскиот премиер Еди рама изјави дека САД имаат долг за подмирување кон неговата држава, поради засолнувањето на припадници на иранската опозиција МЕК во камп близу Драч, поради што државата се соочи со кибер-напади од Иран.
Гостувајќи во телевизиска емисија, Рама објаснил дека не може да се прави сојуз со стратешки сојузници кои земаат што им се допаѓа, а го отфрлаат она што не им се допаѓа. Воедно, истакна дека една држава има обврски и моменти кога мора да стане вредна за нејзините најголеми сојузници.
Рама посочил дека е јасно дека они си го имаат завршено својот дел, додека нивните сојузници имаат долг за подмирување кон нив. Воедно, додаде дека „ние го нудиме нашиот дом, тие треба да им гарантираат егзистенција, а вие да гарантирате безбедност“.
Во кампот кај Драч се сместени над три илјади припадници на иранската опозиција, МЕК.
Подготвено од А.Ѓ.