17.11.2022 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по состанокот на шефовите на разузнавачките служби на двете земји во Анкара, изјави дека ниту САД ниту Русија нема да се обидат да употребат нуклеарно оружје.
Ердоган истакна дека според информациите што ги има добиено од неговиот директор на разузнавачката служба за САД и Русија, ниту една од нив нема да се обиде да употреби нуклеарно оружје.
Претходно, од Кабинетот на Ердоган потврдија дека шефот на ЦИА, Вилијам Бернс и неговиот руски колега Сергеј Наришкин имаа средба на почетокот од неделата во Анкара.
Како што наведува Белата куќа, тогаш Бернс го предупреди рускиот шеф на разузнавачката служба за последиците со прибегнување кон нуклеарно оружје, што Русија се закануваше дека ќе го употреби во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.