https://www.facebook.com/photo.php?fbid=508107661357647&set=pb.100064752514145.-2207520000.&type=3

23.11.2022 Скопје

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека САД ќе доделат дополнителни 400 милиони долари воена помош за Украина за одбрана од немилосрдните напади на Кремљ врз критичната енергетска инфраструктура на земјата.

Од Стејт Департментот истакнаа дека помошта за Украина ќе продолжи се додека тоа е потребно, за да продолжи да се брани и да има најсилна можна позиција на идната преговарачка маса за окончување на војната во земјата започната од страна на Русија.

Државниот секретар Ентони Блинкен соопшти дека ова е 26 траша на воена помош на Украина во која е вклучено дополнително оружје, муниција и опрема за одбрана од воздушни напади, а доаѓа од резервите на Министерството за одбрана на САД.

Досега, вкупна помош за Украина доделена од оваа Администрација изнесува отприлика 19.7 милијарди долари, а освен помошта од САД ,Украина има помош од уште 40 земји и партнери кои го подржуваат народот на Украина во нивната борба за одбрана на слободата и независноста што ја водат со исклучителна храброст и безгранична одлучност.

Подготвено од М.Н.

About Author