https://kallxo.com/lajm/jeff-hovenier-asociacioni-eshte-zotim-qe-duhet-te-zbatohet-por-te-behet-ne-perputhje-me-kushtetuten-e-kosoves/

10.11.2022 Скопје

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, ја повика Владата на Косово итно да започне преговори за формирање Заедница на општини во кое ќе има српско мнозинство.

Ховениер, исто така, ја повика Владата на Косово да го одложи спроведувањето на одликата за пререгистрација на возилата на српското население.

Владата на Косово да не започнува со казни за сопствениците на возилата со српски регистерски таблички, додаде амбасадорот Џефри Ховениер, бидејќи на тој начин се разгоруваат страстите за немири меѓу Косово и Србија.

Овие повици на амбасадорот Ховениер, уследија откако српските претставници ги напуштија косовските институции, вклуцително и Владата и Парламентот на Косово.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *