19.11.2022 Скопје
Во понеделник, на седницата на Советот на јавните обвинители ќе се знае и официјално каде ќе работи обвинителката Вилма Русковска, откако заврши нејзиниот мандат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Русковска се уште е суспендирана, но таа потврдува дека нејзината следна работна седина ќе биде скопското обвинителство.
Обвинителката Русковска изјави дека ќе се врати во Скопското обвинителство, од таму има отидено во организиран криминал, така е според законот.
На седницата в понеделник ќе се бира и шеф на Вишото обвинителство во Скопје. На огласот беа пријавени тројца кандидати, актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, но Фетаи вчера, неочекувано ја повлече својата кандидатура.
Подготвено од А.Ѓ.