https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/90/Vladimir_Putin_and_Sergey_Shoigu_-_Saint-Petersburg_2017-07-30_%281%29.jpg

10.11.2022 Скопје

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, им нареди на руските сили, кои се соочени со украински напади во близина на градот Херсон, да се повлечат од западниот брег на реката Дњепар.

Шојгу истакна дека здравјето на војниците секогаш е приоритет и дека ја имаат во предвит и состојбата за заканата за цивилното нселение но и дека ја почитуваат желбата на оние кои сакаат да заминат.

Рускиот генерал Сергеј Суровикин, изјави дека не е можно повеќе да се снабдува Херсон, и додаде дека предложил поставување на обрамбени линии на источниот брег на реката Дњепар.

Оваа Руска одлука следи по неколку недели украинско напредување кон градот и обидите на Русија да евакуира над 100.000 жители на Херсон, со што рускиот генерал Суровикин, истакна дека залудно е да се држи војската на десниот брег на реката Дњепар.

Украинските сили пред неколку недели почнаа офанзива за Херсон, единствената територија која е под руска контрола на западниот брег на реката Дњепар.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *