04.11.2022 Скопје
Данил Медведев во рамките од второто коло доживеа сензационален пораз на АТП мастерс турнирот во Париз, Франција.
Рускиот тенисер, како четврти носител на турнирот, загуби со 2:1 во сетови 4:6, 6:2 и 7:5 од Австралиецот Алекс Де Минор, по што не можеше спортски да го поднесе поразот, по последниот гем ги загуби нервите и го скрши рекетот, а потоа незадоволен се сврте и кон публиката на трибините.
По ова следеше негодување на присутните фанови на тенисот, кои згрозени од однесувањето на Медведев, со свирежи го испратија разбеснетиот тенисер од теренот.
Подготвено од М.Н.