Image by Bruno /Germany from Pixabay

01.11.2022 Скопје

По најавена суспензиј на договорот за жито со Украина, Русија потврди дека нема да дозволи понатамошен извоз преку Црното Море.

Реакцијата од страна на Русија доаѓа откако ОН изнесе став дека извозот на жито може да продолжи и договорот останува на сила, но рускиот амбасадор во ОН, Василиј Набензија, истакна дека договорот нема да се спроведе без нивна согласност.

Русија го суспендираше договорот кој беше постигнат со посредство на Турција и ОН, откако беспилотни летала на Киев ја нападнаа Црноморската флота во саботата.

Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека за Украина би било ризично да продолжи да извезува жито преку Црното Море, бидејќи неможе да се гарантира безбедноста на превозот во тие области, и ја обвини украинската страна дека со своите постапки ги прекршила условите за договор.

Подготвено од М.Н.

About Author