https://www.flickr.com/photos/131391301@N03/19915430834/in/photolist-wkRMK9-7Umk1f-2gnivJ-7o9Vsu-wyWSLx-vD2FVz-9Kof8x-faEDSa-83wSXU-zpYWmF-umiqj-cGCnqY-DKYwwV-jd6MbQ-KNCv2x-fxCAsp-HYvYuK-99kax1-JDcWxZ-29DQ4CX-cXKRu-6wkUcZ-51WQrY-7pM2Bv-ZJCrm-AMCEmD-53fWF2-fE1wbb-6C3Rpk-8vjJra-26ix9J5-uifA5D-bA4p5-6DWFbi-4BVXm-AMCWs6-Hxd3J8-f1KD2p-rLqDjD-BBLsyz-frpxU-2gR7Sk-6WTn5Q-HPTtUC-KR4vCv-6BDceb-6ztkX-8pw6DD-a6kv2B-cye3X9

02.11.2022 Скопје

Посредувањето на Обединетите Нации и Турција помогна да се добие писмена гаранција од Киев, односно Русија одлучи да го продолжи своето учество во договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море.

Москва се согласи да ја повлече суспензијата откако доби писмени гаранции од Киев дека нема да го користи безбедносниот коридор обезбеден од Русија за воени цели, се вели во соопштението од Министерството за одбрана на Русија.

Одлуката на Москва да го прекине учеството во договорот беше објавена минатата недела, откако руската војска ја обвини Украина дека го користи коридорот за напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол, а во денешното соопштение им се препишуваат заслугите на ОН и Турција за обезбедување на писменото ветување од страна на Киев.

Подготвено од М.Н.

About Author