https://www.flickr.com/photos/hjl/61380665/in/photolist-6qAkk-Ui6MV3-8P84Es-acSCB3-pFppXz-4qnrmS-djS2bU-5uBRDH-qzy86-acjAd1-5zbBQB-v5sss-d39XsG-5zfMSX-aCQmeV-62Vcai-4FN4bX-5ztBhJ-9z6sWs-PDLTC-5zp6oC-rMkWM-4qphFv-5zq6VJ-7dmp-5ysvpU-MM95P9-79TFek-4t914Z-5xMubt-5xRSoW-2ndmz9f-rG2Qh-Q6PmH-7gdo-2jVTyeN-5zkcLo-2jNPxjc-5zqxCW-dux6Pp-rNBZN-Vej7t-5awdNK-5ysvvN-5zmnge-Qz5i9s-2jVVgQY-dxwfi1-5zmnKx-muRUx

15.11.2022 Скопје

Денес ќе се дознаат точните резултати од изборите за членови во Конгресот во Соединетите Американски Држави, но се чини дека Републиканците ќе го завземат мнозинството бидејќи веќе имаат освоено 217 од потребните 218 места, за разлика од демократите кои освоија 205, каде што во Долниот дом на Конгресот има 435 пратеници.

Во Калифорнија се уште се пребројуваат гласовите но освен таму и на уште 13 места пребројувањето сеуште е во тек.

Американските политички аналитичари предвидуваат дека републиканците би можеле да освојат тесно мнозинство, можеби 219 до 222 места, што е далеку под предизборните предвидувања на републиканските лидери кои очекуваа мнозинство од 30 членови во следниот состав на Конгресот што ќе стапи на должност во јануари 2023 година.

Подготвено од М.Н.

About Author