https://www.flickr.com/photos/felipeskroski/2706386840/in/photolist-589Ww5-5H1zHn-5A28X8-b33vQ4-9xsVA-8rmjkC-dTCkbh-qhven-pdb7c6-7tPaY-4nsL15-PAuVWz-4p3meK-FRG5Yu-8nqE22-646ggS-8CF8nu-4u67P8-5pBUdk-jMzHu-Q2Yhw-4tmtnu-qR9e-FRftK7-FX8qXA-4NU3qD-FziKBW-KWDRS-8TXqB-4a7zEr-bsL2Nh-59MLYa-7H4Eff-8Y15cz-q2GWZ-2mjpLav-fYy7d-asCQE-ZX7Cev-43fzph-SAVWV7-91dPb-2D2xPM-PuQF-PG9pJj-gdzuJ-aPs9M-oLVCh-8GQh7-4cSMQ

04.11.2022 Скопје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба соопшти дека македонски фирми во соработка со Владата ќе донираат генератори, греалки и секаков друг вид на грејни тела на Украина за да може земјата да ја преброди зимата, по руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура.

Кулеба истакна дека е благодарен на земјава за поддршката која ја дава за украинскиот народ во периоди кога се очекува значително намалување на темературите во воздухот.

Како што истакна, Кулеба украинските дипломати периодов се во постојан контакт со своите партнери и вложуваат максимални напори Украинците да имаат светлина, топлина и вода во своите домови. Воедно, додаде дека веќе се имаат договорено за набавка на опрема од Владите и компаниите на 12 земји, меѓу кои се Израел, Шпанија, Италија, Литванија, Германија, Република Северна Македонија, Полска, Република Кореја, Словачка, Словенија, Финска и Франција. Севкупно, станува збор за 954 единици грејни тела и генератори за струја.

Шефот на Министерството за надворешни работи на Украина изрази благодарност до секој партнер и секоја компанија што одговори на нивното итно барање, истакнувајќи дека Украина секогаш ќе ги памети оние кои биле со нив во овој тежок период на искушенија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *