19.11.2022 Скопје
Светското првенство во Катар почнува утре со натпреварот меѓу домаќинот и Еквадор. Натпреварувањето ќе биде специфично по тоа што првпат се одржува во зима, на сред клупска сезона и тоа во земја од Блискиот Исток.
Ова ќе биде 22. издание на Светското првенство, а првото се одржа во 1930 година во Уругвај.
Во Катар ќе се натпреваруваат 32 репрезентации поделени во осум групи по четири, а на Мундијалот во САД, Мексико и Канада во 2026 година ќе учествуваат 48 земји.
Во текот на 98 години се одиграа бројни натпревари и беа поставени разни рекорди.
Најчесто се зборува за рекордниот број на голови. Првото место го држи германскиот напаѓач Мирослав Клосе со 16 голови. Од активните играчи кои ќе играат во Катар, најблиску до него е сонародникот Томас Милер со 10 гола.
Земја со најмногу настапи на светските првенства е Бразил со 21, додека пак играч со најмногу титули на светските првенства е Пеле (1958 година, 1962 година и 1970 година со Бразил).
Играч со најмногу настапи на светските првенства е Лотар Матеус со 25 за Германија, а играч со најмногу голови на светските првенства е Мирослав Клосе со 16 за Германија.
Најстар играч кој настапил на Светско првенство е Есам Ел-Хадари за Египет во 2018 година, со 45 години и 161 ден. Додека пак, најстар играч кој освоил Светско првенство е Дино Ѕоф со Италија во 1982 година, со 40 години и 133 дена.
Подготвено од А.Ѓ.