velika britanija london

25.11.2022 Скопје

Податоците на Заводот за национална статистика покажуваат дека рекорден број на луѓе изминатата година мигрирале во Велика Британија.

Во периодот од јуни 2021 до јуни годинава во Велика Британија пристигнале 504.000 луѓе повеќе отколку што ја напуштиле земјата, со што е соборен рекордот од 390.000 од 2015 година.

Во истиот период во Велика Британија мигрирале вкупно 1,1 милион луѓе.

Џеј Линдоп, директорката на Меѓународниот центар за миграција при ОНС, изјави дека зголемувањето на бројот на мигрантите се должи на големиот број луѓе кои пристигнуваат од Авганистан, Хонг Конг и Украина, на кои им е одобрено право да живеат во земјата.

Според Линдоп, како една од причините за зголемување на бројот на мигранти е и зголемувањето на бројот на странски студенти, кои за време на пандемијата со коронавирусот студираат од далечина. Воедно, наведе дека тоа се должи и на миграцијата на луѓе од семејни причини.

Вкупното население на Велика Британија изнесува околу 67,5 милиони. Британската Влада истакна дека ќе го намали јазот меѓу бројот на луѓе кои се вселуваат и тие кои ја напуштаат земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author