05.11.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи на територија на град Скопје има изречено вкупно 197 санкции при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, за возење без возачка дозвола се изречени 15 санкции, четири за прекршоци што ги прават пешаците и 26 касни за непрописно престројување на возила.
Во соопштението се наведува дека се изречени шест мерки за минување на затворен сигнал, 10 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет мерки за користење мобилен телефон.
Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесеме за посигурни патишта.
Подготвено од А.Ѓ.