19.11.2022 Скопје
Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оствари средба со амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов.
Министерството за локална самоуправа информира дека на состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, како и за перспективите на процесот на интегрирање на државата во Европската Унија.
Пенов истакна дека соработката меѓу двете министерства, надлежни за имплементирање на ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка е на високо ниво. Воедно, додаде дека за тоа зборува и високиот процент од 100 отсто искористеност на средствата од Европската Унија за финансирање проекти во општините во пограничниот регион, а во втората фаза од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, со вкупен буџет од 19,5 милиони евра, се одобрени 30 проекти, од кои повеќето се и реализирани, потенцирајќи дека веќе идната недела ќе биде означен и почетокот на третата фаза, во рамките на која ќе бидат организирани нови јавни повици за проекти.
На состанокот се разговараше и за подинамична реализација на Меморандумот за соработка меѓу двете министерства за размена на искуства и градење на капацитети за подобра имплементација на ИПА програмите, преку кои што се финансираат многу корисни проекти во општините, но и се гради довербата меѓу граѓаните, што е од голема важност во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија.
Подготвено од А.Ѓ.