https://www.flickr.com/photos/vladamk/52528502692/in/album-72177720304031416/

28.11.2022 Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачески, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Прилеп имаа средба со дел од земјоделците производители на тутун и го посетија откупниот пункт за тутун во рамки на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Согласно податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, оваа година како што изјави премиерот Ковачевски, откупот на тутунот започнува со зголемена откупна цена над 30% споредено со минатата година. Пораст има и во делот на склучени договори за откуп и планирани количини за откуп на тутун.

Премиерот Ковачевски изјави дека откупната цена за килограм тутун е 261 денари, за разлика од минатата година кога била 200 денари за килограм и ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години, потенцирајќи дека од 2014 година до денес откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7%.

Како што изјави премиерот Ковачевски, пораст има и кај бројот на склучени договори со што во 2022 година се склучени 29.653 договори, што е за 7% повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори и оваа година се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10% повеќе од минатата година кога се откупиле 18.600 тони тутун.

Овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот, што крајно значи бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството, да придонесуваат за развојот на оваа земјоделска гранка.

Тутунот е наша традиционална, но и извозно ориентирана земјоделска гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство.

За прв пат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Паралелно со новиот модел за субвенции, се донесе и нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со кој што се решија сите отворени прашања кои го оптоваруваа производството и откупот на тутун.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека откупот на тутунот тече во најдобар ред и дека оваа година е постигната рекордно највисока откупна цена на тутунот, 261 денари по килограм.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author