11.11.2022 Скопје
Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати критики кон опозицијата а пред се кон Иљир Мета и Саљи Бериша, обвинувајќи ја Демократската партија на Бериша, дека сака да го отстрани со помош на руски пари.
Премиерот Еди Рама, по претпоставка за тоа со која цел Русија финансира партија во Албанија, мисли дека е за да создаде конфликт меѓу Албанија и нејзините сојузниците.
Рама смета дека постои евидентен доказ, но иако тој доказ е само за Демократската партија сепак не станува збор само за таа партија, односно дека има уште кои се во истиот кош, односно во истата торба која е полна со валкани рибли.
Премиерот Рама истакна дека ќе се потруди да најде евидентни докази за сите партии кои се сојузници со Русија и јавно ќе бидат изнесени сите кои и мислат лошо на Албанија.
Подготвено од М.Н.