11.11.2022 Скопје
Бугарскиот претседател Румен Радев, на средбата со раководствата на национално репрезентативните синдикални организации, нагласи дека во тешки времиња треба да се преземе политичка одговорност и политичко лидерство, а со тоа и да се убедат гласачите да излезат на гласање, а не со празни муабети, потенцирајќи дека секој може да зборува како сака да ги спаси бугарските граѓани од студот, од гладот, од страшната зима.
Според бугарскиот претседател Радев, тоа е поттик и покана до политичките партии конечно да зачекорат во својата улога, „да го најдат дијалогот, компромисот, консензусот за формирање на редовна влада која има јасна долгорочна политика за приходите и развојот на бугарската економија”.
Во однос на барањето преодната влада да достави буџет за следната година, Румен Радев посочи дека буџетот е финансискиот план кој ја изразува политиката на парламентарното мнозинство и на Владата, а таков план во моментов нема.
Подготвено од А.Ѓ.