Image by vwalakte on Freepik

08.11.2022 Скопје

Португалскиот Врховен суд пресуди дека компаниите во Португалија повеќе нема да можат да ги обрзуваат работниците да доаѓаат на работа во викендите доколку имаат деца помлади од 12 години.

Единствен исклучок ќе биде ако „вработените се незаменливи“ на своето работно место.

Во пресудата се истакнува дека правото на усогласување на активностите со семејниот живот и правото на заштита на татковството и мајчинството се содржани во уставот и не можат да се одлагаат со други професионални права или должности.

Доколку компаниите сакаат нивните вработени, кои имаат деца под 12 години, да доаѓаат на работа во викендите, ќе треба на суд да докажат дека се незаменливи на работното место и дека со нивното отсуство може да биде загрозена дејноста на компанијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author