Image by Freepik

22.11.2022 Скопје

Во текот на ноември, во Кавадарци и Росоман се реализираат работилници за превенција од болести на зависност, наркоманија, алкохолизам и пушење цигари.

Во организација на Црвен Крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, а во соработка со основните и средните училишта од Кавадарци и Росоман, во текот на месец ноември планирани се над 20 едукативни работилници со ученици од осмо и деветто одделение од основните училишта и прва и втора година во средните училишта.

Од Црвен крст соопштија дека согласно со планот, веќе се реализирани осум работилници во четири основни училишта, а останатите ќе се реализираат до крајот на месец ноември, од страна на стручно лице, од областа на превенција на болести на зависност.

На работилниците, учениците се запознаваат со причините поради кои најчесто се посегнува по земањето на овие, за нив, недозволени средства, кои се последиците по човековото здравје, рано откривање и спречување на нивно земање.

Од страна на учениците, преку пишани текстови, се упатуваат пораки до сите нивни врсници и соученици, за стоење на страна од овие пороци и за избор и исполнување на слободното време со спорт, музика, уметност, волонтирање во НВО, членување во спортски клубови и здруженија на граѓани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author