24.11.2022 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не може да победи на бојното поле.
На прес-конференција во Берлин, заедно со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на руското бомбардирање на цивилното население, бидејки тоа не само што е неподносливо, туку и јасно кршење на меѓународното право.
Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека наскоро планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, за да разговараат за цивилната нуклеарна енергија и нуклеарната централа Запорожје.
Деновиве се извршени повторно напади околу големата нуклеарна централа во јужна Украина, каде Запорожје повторно била исклучена од надворешно напојување, а Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за овие напади.
Подготвено од М.Н.