10.11.2022 Скопје
Денеска, од руската амбасада во Индонезија изјавија дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 следната недела на Бали, отфрлајќи ја натамошната неизвесност околу плановите на рускиот лидер.
Јулија Томска, директорка за протокол во руската Амбасада во Индонезија, изјави дека руската делегација на Г20 ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а програмата на претседателот Путин се уште се утврдува, можеби тој ќе учествува виртуелно.
Оваа вест доаѓа по неколкумесечна неизвесност во врска со пристигнувањето на рускиот претседател на состанокот на самитот на Г20 организиран од Индонезија на 15 и 16 ноември.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го напушти состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во јули на Бали, по критиките од неколку колеги за руската инвазија на Украина.
Индонезија беше под силен притисок од Западот да ја исклучи Русија од самитот поради војната во Украина. Но, земјите од Југоисточна Азија се одлучија за независна политика од големите блокови и нагласија дека земјата домаќин мора да биде неутрална.
Во август, индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил неговата покана за самитот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја не е членка на Г-20, исто така доби покана за состанокот и ќе може да зборува преку видео врска. Зеленски минатата недела предупреди дека нема да учествува на самитот доколку Путин биде присутен.
Подготвено од А.Ѓ.