https://www.facebook.com/slowfood.mk/photos/a.807540919352927/5734411623332474/

12.11.2022 Скопје

Со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето во Градски парк Скопје, ќе се одржи голем настан „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“.

Настанот е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија, а ќе се одржи под мотото „Taste life, taste tradition“ односно Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“.

Во Република Северна Македонија, ова е прв саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.

На просторот во Градски парк, ќе бидат поставени над 200 штандови со разни производи, ќе се подготвува и вкусна и традиционална храна од познати готвачи, а ќе има и детско катче кое е наменето за најмалите и таму ќе можат одблизу да се запознаат со домашните земјоделски култури.

Секако предвидена е и музичка забава со групата Љубојна и Ди Џеј Мац, и посетителите ќе можат освен во вкусовите на домашната храна и пијалоци да уживаат и во звуците на музиката.

Саемот „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“ ќе биде отворен денес во периодот од 11-16 часот, и за сите посетители, влезот ќе биде бесплатен.

Подготвено од М.Н.

About Author