12.11.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, во СВР Битола било пријавено дека во атарот на селото Стравина, биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби, кои се од Првата светска војна.
Во соопштение од Министерството за внатрешни работи, стои дека пронајдените аксплозивни направи биле превземени од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошно постапување.
Од МВР исто така истакнуваат дека тој дел во околината на атарот на селото Стравина, ќе биде додатно проверен за да се осигураат дека теренот е чист.
Подготвено од М.Н.