dojavi za bombi sk

16.11.2022 Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во седум училишта во Скопје и денеска е упатена закана за поставена бомба.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека во 9.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронската адреса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа и веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, истакна дека дојавите на бомби се случуваат само во последните три дена во работната недела и истите се случуваат кога наставата ја следи една иста смена со ист наставен кадар.

Според Спасовски, целите на дојавите за лажните бомби што се случуваа изминатите недели во повеќе скопски средни училишта, е да се влијае на политичкиот момент во државата, на капацитетот на институциите и на граѓаните преку предизвикување вознемиреност и несигурност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author