https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/94/2019-05-04_Sprouting_Barley_Grain.jpg

10.11.2022 Скопје

Обединетите нации соопштија дека утре во Женева, високи претставници на Обединетите нации ќе се сретнат со висока руска делегација за да разговараат за продолжувањето на договорот со Украина за извоз на жито по црноморската маршрута и напорите за олеснување на испораката на руски жита и ѓубрива на светските пазари.

Договорот, што дозволува извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море, а беше постигнат на 22 јули со посредство на ОН и Турција, истекува на 19 ноември, доколку Русија или Украина се спротивстават на неговото продолжување. Клучен дел од овој договор е извозот на руско жито и ѓубрива.

Обединетите нации соопштија дека рускиот извоз на жито е зголемен, но дека е потребна работа за да се ублажат застрашувачките ефекти од западните санкции врз извозот на руски ѓубрива.

Мартин Грифитс, како претставник на ОН и шеф на преговорите за украинскиот извоз, и Ребека Гринспен, како претставник на ОН и истата ги води разговорите за рускиот извоз на храна и ѓубрива, утре ќе се сретнат со рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.

Претставник на ОН изрази надеж дека разговорите ќе овозможат продолжување на извозот на храна и ѓубрива со потекло од Руската Федерација на светските пазари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author