https://www.flickr.com/photos/st33vo/29841677606/in/photolist-Mt1p5S-bp6BEp-Q8uABU-zvZnMk-yyXvN3-dBdd99-dBn5EJ-dB8MXX-dBfQ1D-27unDeP-27qcTCy-fL4VUj-qyRHXU-2kxHUa8-4oR26X-dEtWqd-9YMQTz-yyXuwA-bm58q2-zep6iq-zTZNky-2gCKiVW-yyY2uY-zCvNWh-7cgWiM-zvLaek-c1haLG-5UBFE-7ch9ip-c2XW2b-7b6MYp-7cmuDf-zTZN1q-7cm3Cm-zV8xnZ-zCBPgc-7cgZ1D-7ckXoU-zCxjpS-7cmhxw-7b6NqH-7chiT8-i25rA2-i25roP-i24CSf-i24LN3-7chnmB-gDe4Rx-gyy4tF-2n17wKU

10.11.2022 Скопје

Од страна на аукциската куќа „Сотби“, продаден е болидот на Ферари „F2003-GA“, со кој Михаел Шумахер, ја освои својата шеста светска титула во Формула 1, за рекордна сума од 14,8 милиони долари.

Во 2003 година, Шумахер постигна шест победи во сезоната и заработи два бода повеќе од неговиот главен ривал, откако ја освои титулата по тешка борба со Кими Раиконен од Мекларен, и Хуан Пабло Монтоја од Вилијамс.

Шасијата ставена на аукција беше искористена на трки 9 пати, вклучително и Јапонското Гран при, каде што Мајкл Шумахер ја освои титулата и го надмина рекордот на Хуан Мануел Фанџо, по бројот на освоени шампионски титули.

Првично цената за продажба на „F2003-GA“ требала да биде 9,3 милиони долари, но по 40 минути оваа понуда драстично се зголемила.

Претходниот рекорд за продажба на автомобил Ф-1 беше поставен пред пет години, кога Ферари „Ф2001“ достигна вредност 7,5 милиони долари, но најскапиот автомобил во светот сепак останува „Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe“, кој е направен во 1955 година, и тоа само во два примерока.

Подготвено од М.Н.

About Author