02.11.2022 Скопје
На владината седница на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, во неколку странски мисии.
Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ“ во Либан.
Подготвено од М.Н.