https://www.facebook.com/photo/?fbid=692690748888505&set=pcb.692674145556832

11.11.2022 Скопје

Денеска на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, двајцата претседатели разговарале за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Романија, што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит.

На средбата, двајцата претседатели разговараа и за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија.

Пендаровски и Јоханис разговарале и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author