28.11.2022 Скопје
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека во наредните два дена ќе има посебен сообраќаен режим на поширокото централно подрачје на Град Скопје поради официјалната посета на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.
Министерството за внатрешни работи упатува апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во наредните два дена.
Центарот на Скопје и приодите од Чаир и Автокоманда денеска беа блокирани од протестот на приватните автобуски превозници, кои ја блокираа крстосницата кај „Мавровка“. Дали протестот ќе продолжи и во утрешниот ден сеуште не е познато со оглед дека додатно ќе има сообраќаен метеж поради посетата на германскиот претседател.
Подготвено од М.Н.