https://www.flickr.com/photos/evgenysinitsyn/30949453684/in/photolist-P9U3jq-2ni4SmD-RTfQZ7-V33bh3-22mYAq9-V33b4s-VqEDN2-VyBL1W-2niatXz-2e2sB3m-2nG2c9A-2e2sBkA-2kD8uAh-2mker4A-29CuTh9-2nibvma-22mYAuC-2kD8uCw-SgRKcp-SgRGU8-RdYFtr-FsRSgc-SgRHCH-SgRL68-RdYHDt-RdYGoT-RdYJuB-Rbo5cW-22mYAB1-22mYAHd-2niadsQ-2niadt6-2cHf3AR-243dh3S-DQVH41-FgVM1w-2cHf2Da-2mtm7Up-2b2ubiz-2cHf2ia-22mYADL-2mBb3Ry-2iibXV3-2id57Rw-2id5sJT-2e2sB1C-2e2sBaf-2id37DP-NMv7bi-FsRS2p

15.11.2022 Скопје

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обрати на самитот Г-20, и побара да има еден месец прекин на војната, односно додека трае светското првенство во фудбал во Катар.

Инфантино смета дека Русија и Украина треба да го искористат фудбалскиот турнир како поттик за изнаоѓање на решение и за конечен крај на војната.

Поради војната во Украина, Русија е исфрлена од плејофот за пласман на Светското првенство, но и од сите официјални меѓународни фудбалски натпреварувања на УЕФА и ФИФА, во таа ситуација невозможно е дека Русија би се сложила на некаква пауза од војната додека трае Мундијалот.

Подготвено од М.Н.

About Author