30.11.2022 Скопје
На покана на бугарскиот претседател Румен Радев, претседателката на Косово, Вјоса Османи, ќе пристигне во официјална посета на Бугарија, соопшти прес-служба на претседателот Радев.
Радев и Османи ќе разговараат за теми од билатералната и регионалната агенда, како и за европската перспектива на Косово, а ќе бидат разгледани и можностите за зајакнување на соработката меѓу двете држави во сферите на економијата, инвестициите, енергетиката, образованието, туризмот, транспортот, науката и културата.
На претседателката на Република Косово ќе и биде врачен почесен орден за бугарски воен персонал кој учествувал во мисијата на меѓународните безбедносни сили на Косово КФОР.
Косовската претседателка Вјоса Османи ќе одржи предавање на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски” на тема „Стабилизирање на мирот и просперитетот преку евроатлантските интеграции”, а ќе оствари средби и со претседавачот на 48. Народно собрание на Бугарија, Вежди Рашидов, како и со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.
Подготвено од М.Н.