https://www.flickr.com/photos/81179560@N05/7441256754/in/photolist-ckyoof-5cse5C-9jnDYR-9jmZ3Z-9jnBSe-9jqDTy-9jmWTa-9jmXXP-6unw2D-9jnxgi-9jqLVd-9jmUvP-9jnHsV-9jq2SS-et71bE-Vdofho-92Ydda-9jq7f3-9xaXgi-9jmEV4-9jnzAx-9jpMQN-9jnbNT-6VoGzv-9jqAT5-9jmHFX-9jmJ5H-9jmQsZ-9jmGvP-9jq4UN-9jpPCy-9jmFbB-9jpNE5-9jnAbP-9jmU6t-9jpTKC-9jnyBP-9jq4g7-9jmL5K-9jqFrS-4KKk42-4KKkHF-4KKhdz-9jq9r3-4KPzEm-4KKm9k-9jpN8N-9jnrGt-9jqu2f-9jmJdk

23.11.2022 Скопје

На Генералната конференција за тегови и мерки која што се одржа оваа недела во Версај, сите учесници се согласија дека практиката на престапна секунда не може да продолжи со сегашниот систем.

Планот на учесниците е, најдоцна до 2035 година да се укине досегашната практика на собирање или одземање на престапна секунда, кога разликата помеѓу астрономското (УТЦ1) и стандардното (УТЦ) време надминува 0,9 секунди.

Престапната секунда е воведена во далечната 1972 година, како обид да се прилагоди координирано универзално време поради несовпаѓање помеѓу атомското и сончево време.

Престапната секунда во денешно време станува голем проблем за технолошките компании, каде што во 2012 Редит падна 40 минути откако престапната секунда ги поремети нивните сервери, во 2017 година, Клаудфлер ја обвини престапната секунда за паѓање на нивната ДНС услуга, а на почеток на оваа година и Мета повика да биде прекината оваа практика.

Подготвено од М.Н.

About Author