27.11.2022 Скопје
Генералниот секретар на Социјалистичката партија, Дамиан Ѓикнури, соопшти дека премиерот на Албанија, воедно и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала.
На 26-от конгрес на Социјалистичката интернационала за претседател беше избран премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој доби позитивни оценки и целосна поддршка од Социјалистичката партија на Албанија како дел од големото семејство на социјалисти и прогресисти во светот, а на Еди Рама ова е втор мандат како потпретседател, првиот мандат го доби во 2013 година.
Конгресот на Социјалистичката интернационала се одржува во Мадрид, Шпанија, од 25 до 27 ноември, во организација на шпанската социјалистичка работничка партија ПСОЕ, а социјалистичката партија на Албанија е дел од Социјалистичката интернационала од 1999 година.
Подготвено од М.Н.