https://www.instagram.com/p/ClDu4jirdbv/

29.11.2022 Скопје

Вчеравечер, јапонскиот премиер Фумио Кишида побарал од неговата влада да подготви зголемување на буџетот за одбрана на два отсто од БДП до 2027 година, што е значително повеќе од сегашниот еден процент на кој Токио досега го ограничуваше воениот буџет.

Јапонија ја донесува оваа одлука во време кога се обидува да ја зајакне својата одбранбена и безбедносна стратегија за да се спротивстави на растечките закани од Кина и Северна Кореја, како и врз основа на новата светска геополитичка ситуација по рускиот напад врз Украина.

Јапонското Министерство за одбрана во август побара нов рекорден годишен буџет од 5.590 милијарди јени, 39 милијарди евра, за фискалната година 2023/2024 што започнува во април, што е двопроцентно зголемување споредбено со првично определениот буџет за тековната година.

Според локалните медиуми, една од целите на дополнителното трошење ќе биде да се обезбеди капацитет за „контранапад” со оружје што може да ги таргетира непријателските лансирни локации, активности што Токио ги карактеризира како одбранбени.

Јапонската Влада веќе се соочува со високи трошоци поврзани со стареењето на населението, пандемијата и војната во Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author